Архитектура и градба - категорија

еднокатен повеќе

еднокатни
Вид збор: Придавка
Што има само еден кат.

еднокатница повеќе

мн. еднокатници
Вид збор: Именка, женски род
куќа со еден кат

еднособен повеќе

еднособниот
Вид збор: Придавка
Што има само една соба.
Англиски: single-room

еж повеќе

мн. ежови
Вид збор: Именка, машки род
Направа што ја користат молерите за прскање боја на фасада.

електростопанство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Зграда, претпријатие што води грижа за производството и искористувањето на електричната енергија.
Албански: elektroekonomia

еловина повеќе

мн. еловини
Вид збор: Именка, женски род
Градежен материјал од ела.

ентериер повеќе

мн. ентериери
Вид збор: Именка, машки род
Внатрешност на просторија, градба или објект.
Англиски: interior

епископија повеќе

мн. епископии
Вид збор: Именка, женски род
Зграда, објект каде што е сместена управата на епископот.
Англиски: episcopacy Албански: ipeshkvi

етаж повеќе

мн. етажи
Вид збор: Именка, машки род
Кат, ниво на зграда.
Англиски: floor Француски: étage
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш